ПОСТАВЕН ВИДЕО НАДЗОР НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ И НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШТЕТО „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

12

Шест камери кои овозможуваат комплетен видео надзор на надворешниот дел на училиштето и спортските терени се поставени во основното училиште „Елпида Караманди“. Постапката ја спроведе училиштето во соработка со општината, а во согласност со Упатството за спроведување на задолжителни мерки и активности во основните училишта, донесено од страна на Министерството за образование и наука. На овој начин се зголемува безбедноста на учениците во училиштето и се овозможува заштита на новите училишни спортски терени од оштетување и несоодветни активности, дејствија на несовесни младинци и граѓани, кои за жал беа забележани уште првата недела од пуштањето во употреба на реконструираните спортски игралишта.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРешение за свикување на четириесетата седница на Совет на општина Струмица
Следно соопштениеЗАПОЧНА 15-ТО ЈУБИЛЕЈНО КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО