ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО „АРХАНГЕЛ“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ

15

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа средба со претставници од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Игор Петковски и Зоран Талевски – Ченто, како членови на ДПД „Архангел“, раскажаа за вклученоста на друштвото во противпожарните акции со над 70 тина доброволци, кои на терен ја покажаа својата хуманост и пожртвуваност со цел заштита на населението и материјалните добра од пожарите со кои се соочи Општина Битола на неколку локации. Градоначалникот Коњановски со симболични подароци им се заблагодари за храброста со која делуваа на терен и нивната ангажираност при гаснењето на пожарите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМакедонија – Грција 1:3, гостите со пресврт славеа во „Јане Сандански“
Следно соопштениеРезервирај го сезонскиот билет и гледај го Вардар