Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција” – настан во рамки на проектот “SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings

13
Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција” – настан во рамки на проектот “SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings

Во Дојран се одржа настанот „Трипартитна соработка за знаење во зелена и дигитална транзиција“ за соработка помеѓу приватниот, академскиот и јавниот сектор, организиран во рамки на проектот “SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings”, финансиран од Европската комисија.

Настанот е во организација на партнерите на проектот:

Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија, Регионален Бизнис Центар – Југоисточен плански регион и Euro Macedonian KIC Emkice.

На настанот присуствуваа високи претставници од јавниот, академскиот и приватниот сектор, вклучувајќи го :

– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација,

– Златко Перински, министер за локална самоуправа

– Горан Минчев, министер за јавна администрација

– Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија

– Драган Пехчевски, менаџер на проектот на ССКМ

како и професори од електротехничкиот, машинскиот, земјоделскиот и економскиот факултет при УКИМ, како и професори од универзитетот Св.Климент Охридски од Битола, Меѓународниот Балкански Универзитет од Скопје, Вардарски плански регион и 10 градоначалници од југоисточниот регион.

Присутни беа и претставници на амбасадите на партнерските земји во Р.Македонија, како и претставничка од Европската Комисија и Евроамбасадата.

Свои обраќања имаа и експерти од Tesla Science Center во Њујорк, САД, Јапонија, како и престижни професори и истражувачи од различни универзитети и институти од Европа, Јапонија, и САД.

Во рамки на три панел-дискусии, учесниците имаа можност да разменат мислења и искуства за идните активности на SEBCoVE проектот, дигитализацијата, иновациите во паметните градови и села, како и трендовите во политиките за зелена и дигитална трансформација за локален и регионален економски развој.

SEBCoVE проектот, кој ќе се имплементира во следните три години во седум Европски земји, вклучуваjќи ги Грција, Португалија, Шпанија, Италија, Холандија, Германија и Македонија, е со вкупен буџет од 3 милиони евра.

Целта на овој проект е да се креира центар за извонредност “excellence center” за едукација и обука на млади, да ги поддржи паметните технологии и дигиталната трансформација како и енергетската ефикасност во јавните објекти, преку соработка на некои од најдобрите експерти и организации во Европа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Зарков дебитираше со победа, Еурофарм Пелистер 2 го надигра Прилеп