Општина Битола, покрај инфраструктурните активности во урбаниот дел на општината, продолжува и со континуирана грижа за руралните средини. На барање на жителите, а согласно склучениот договор со изведувачот „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола, во вредност од 530.587 денари, општината започна со машинско чистење на каналската мрежа во селото Крклино. По завршувањето на чистењето на оваа мрежа во должина од 1700 метри, активностите продолжуваат во селата Породин во должина од 600 метри и Драгош во должина од 650 метри, со цел оспособување на каналската мрежа пред есенските дождови.
Извор на соопштението