Македонската Кик бокс маи таи федерација предводена од претседателот на Дејан Митровски Урко од Светското јуниорско ВАКО првенство во Унгарија кое се одржа од 24 до 31 август се вракаат со две злата и едно сребро.
Марија Димовска (-60 кг, помлад јуниор, лоу кик) освои златен медал, протоа ги победи во полуфиналето Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина и во финалето Мија Лијамицев од Израел.
Силвио Мировски (-71 кг, постар јуниор, лоу кик) во квалификациите со прекин го победи Мехмет Таха од Турција, во полуфинeлето Атанас Димов од Бугарија со прекин во првата рунда и во финалето славеше против Иван Бородатjи од Украина.
Лука Змејкоски (+81 кг, помлад јуниор, лоу кик) во полуфиналето го победи Лендел Владислав од Украина, во финалето се бореше со Мухамед Дупљак Мухамед од Србија кој ја изгуби борбата, иако во сите три рунди беше во водство. Кондицијата и искуството си го направи своето.
Максим Митровски (-71 кг, постар јуниор, К1), неговата категорија беше најбројна со натпреварувачи, во квалификациите ја загуби борбата против Назибула Ирисматов од Казахстан и остана без медал.
„Сите натпреварувачи покажаа одлични борби и техника. Се работи за јуниори, млади натпреварувачи, за кои спортската кариера допрво доаѓа“, вели селекторот и претседател на КМФМ Дејан Митровски-Урко.
„Нашата судијка Елена Костадиновска, која во последно време поради одличното и професионално судење на изминатите меѓународни првенства каде често е повикувана од судискиот одбор на ВАКО да зема учество и суди, доби покана и за ова Светско првенство. Таа одлично се покажа и се стекна со лиценца за меѓународен судија А класа.
„Македонската кик бокс маи таи федерација последните 4 години е најуспешна, најмасовна и најтрофејна федерација, а кик боксот национален спорт број еден“, истакнува Митровски.