РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер загуби од Загреб и ќе игра за петтото место во Добој

15
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер загуби од Загреб и ќе игра за петтото место во Добој

ППД Загреб – Еурофарм Пелистер 37-19 (21-9)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија во последниот натпревар од групите на ТВ-турнирот на шампионите во Добој од екипата на Загреб со 37-19 (21-9). Со овој пораз „зелено-белите“ од Битола останаа без шанси за финале и битка за трофејот. Пелистерци наместо во финалето, ќе играат за петтото место поради полошата гол-разлика од Загреб и Татабања.

Уште од самиот старт на средбата екипата на Загреб се наметна, почна да гради предност и да чекори сигурно кон својата цел. Избраниците на Ангеловски се обидуваа да парираат, меѓутоа на одмор се замина со негатива од 21-9.

Се обидоа пелистерци да парираат во продолжението, имаа свои моменти во средбата, меѓутоа не успеаја да бидат конкурентни. Загрепчани не ги простуваа грешките, казнуваа сè што можеа и тоа се одрази дополнително на резултатот. Во еден момент тие дојдоа на двојно повеќе голови (34-17), а потоа поведоа и со +18. Рутински екипата на Загреб го приведе мечот кон крајот и убедливо славеа со највисоката предност на мечот.

Цикатиќ беше најефикасен кај пелистерци со пет погодоци. Во натпреварот за третото место Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Слога Добој.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеОТВОРЕН 3Х3 БАСКЕТ ТУРНИР ВО БИТОЛА
Следно соопштениеТрајче Стојчевски е нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија