Министерката за образование, Весна Јаневска, се извини што не го искористи името ,,Северна”, па веднаш се поправи, во изјава за медиуми на домашен терен при работна посета во Штип.
Иако во изминатиот период претседателката на државата, премиерот и другите функционери во власта од ДПМНЕ изјавуваа дека при јавните настапи на домашен терен ќе го користат името Република Македонија или само Македонија, денес министерката за образование го направи сефтето, истакнувајќи го името на државата кое на граѓаните на Македонија им беше наметнато против нивна волја.
Со вакви и слични изјави во пракса, едно по едно, ВМРО- ДПМНЕ ги крши предизборните ветувања и искажаните заложби врз основа на кои ја добија поддршката од електоратот, а тоа го правдаат со „повисоки интереси“.
Очигледно е дека нивни највисок интерес беше и останува желбата да дојдат до власт, единствено, со цел истата да ја стават во служба на личните интереси на поединци, без оглед на расположението на граѓаните, кои преку своите гласови им ја делегираа власта.
Лицемерието на ДПМНЕ не престанува – остануваат продолжена рака на СДСМ.