СДС и ДПМНЕ целосно ги игнорираат бегалците од конфликтот во 2001-ва Левица

12
СДС и ДПМНЕ целосно ги игнорираат бегалците од конфликтот во 2001-ва Левица

Во воениот конфликт од 2001-ва инициран од страна на терористичката организација УЧК внатрешно раселени биле над 70 000 македонски граѓани, а огромен број од нив се уште не добиле трајно сместување или пак било каква посериозна помош од страна на државата, што дури е и во спротивност на капитулантскиот Охридски рамковен договор со кој Македонија и официјално стана неоколонија на „стратешкиот партнер“, САД.

Имено во Анекс Ц точка 3.1 во рамковниот договор стои дека „Сите страни ќе работат да обезбедат враќање на бегалците кои се граѓани или имаат законски престој во Македонија и на раселените лица, во нивните домови, во што е можно покус временски период“ a по повеќе од две децении од потпишувањето на овој договор, ниту СДС ниту ДПМНЕ немаат сторено ништо за овие лица.

За да се дознае што и дали државата некако им помогнала на овие луѓе од ПС Политички систем при Левица, пред неколку месеци испрати барање за информации од јавен карактер до тогашното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците предводено од Артан Груби, кое противзаконски одбиваше, иако му беше наложено да одговори на нашите прашања, за што беа од наша страна известени сите релевантни државни органи, НВОа, и релевантни меѓународни институции како ЕУ и ООН, но без никаков резултат.

Поради промената на власта и раслојувањето на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, ПС Политички систем при Левица повторно испрати барање за информација од јавен карактер до сега Министерство за односи меѓу заедниците предводено од долгогодишниот коалиционен партнер на ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, но ПОВТОРНО Министерството противзаконски одбива да одговори на испратеното барање за што секторот ќе поднесе соодветна жалба до агенцијата за за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Затоа јавно го прашуваме Иван Стоилковиќ како актуелен Министер за односи меѓу заедниците ЗОШТО одбива да одговори на барања за информации од јавен карактер и јавно ги прашуваме колаборационистите ДПМНЕ и СДС, како владеачки „државотворни“ партии дали воопшто нешто имаат направено за овие жртви од т.н конфликт?

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа животната средина не смее да се одлучува позади затворени врати Левица
Следно соопштениеСо поддршката на Гаши, Мицкоски го поттикнува неговото дивеење Левица