Бројни скандали, тенденционизам и роднински врски во раководните структури на ДПМНЕ во Македонски Брод и нивното владеење Левица

12
Бројни скандали, тенденционизам и роднински врски во раководните структури на ДПМНЕ во Македонски Брод и нивното владеење Левица

Деновиве сме сведоци на бројни скандали, тенденциозни доделувања на тендери на блиски луѓе на градоначалникот на Македонски Брод, како и политичка злоупотреба на законските норми при поставување на директори во институциите во Македонски Брод.

Имено, од една вест која ја споделија повеќе медиуми се гледаат јасни докази за тоа како директорката на ОЈУ Детска градинка 7-ми септември(братучетка на градоначалникот) давала тендери за набавка на храна на фирма која е во сопственост на сватот на градоначалникот.

Во уште еден случај бевме сведоци како крилото на пратеничката Бисера Златеска во ВМРО ДПМНЕ – ОК М.Брод постави директор во ЈЗУ Здравствен дом кој нема ден работно искуство во областа на здравството и предизвикува трајна штета врз квалитетот на здравствените услуги на граѓаните во Општина Македонски Брод.

Левица како партија ги осудува овие тенденциозни политички интервенции и ги уверува граѓаните дека во иднина од позиција на одлучувачки фактор во политиките на Македонски Брод си зема за обврска да им обезбеди квалитетни јавни услуги и владеење без протекционизам и фаворизирање на луѓе кои се во блиски роднински и пријателски односи со раководството на партијата.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЦветков: Ако не гласаат ЗА интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги погази сите ветувања за одговорност
Следно соопштениеПродолжува систематското бришење на Антифашизмот во Чаир и Тетово Левица