ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ

19

По повод одбележување на 80 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор кај ,,Црн Мост“ свежи цвеќиња на споменикот и спомен плочите положија советничката Лидија Павловска во име на општина Битола и претставници на Сојузот на борци. На денешен ден, 6 септември во далечната 1944 година, се случило бегство на политички затвореници од Централниoт областен фашистички затвор во Битола. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни на над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Таму функционирал затворски комитет на комунистите, кој од средината на 1944 година формирал и затворски воен штаб, кој пак бил ангажиран околу поодготовки на бегството на политичките затвореници. Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичката окупација. Денешниот ден е сеќавање и оддавање почит на хероите кои своите животи ги положија за нашата татковина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМитева до Кузеска: Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?
Следно соопштениеПроф. Д-р. Симов: За силна економија, образованието е клучно – треба да создаде кадри со знаења