ФОРМИРАЊЕ НА ЗДРАВИ ЖИВОТНИ ЗАЕДНИЦИ

10
ФОРМИРАЊЕ НА ЗДРАВИ ЖИВОТНИ ЗАЕДНИЦИ

Под мотото „Имунизација за здрави заедници“, жените лидерки од Општина Карпош го одржаа вториот по ред Форум на заедницата во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент. 

Проектот се  спроведува во патнерство со Регионалната канцеларија на СЗО и  со поддршка  од  Американската  агенција за развој УСАИД.  По завршувањето на обуката на жените лидерки од општина Карпош, денеска се вклучи и пошироката јавност во локалната самоуправа. 

Во рамки на Форумот, свое  обраќање  имаше   д-р.  Специјалист  по  општа  медицина,  Соња  Ралева,  ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје, Диспанзер за имунизација и превенција.  

Таа ги запозна присутните претставници од основните училишта, предучилишни установи  заинтересирани родители и граѓани од Општина Карпош  со главните карактеристики и симптоми на зараза со ХПВ  и морбили, кои  се последиците  од  избегнување  на  редовната  имунизација, како и митовите поврзани со неа. 

Низ јавна дебата се потенцираше потребата од континуирана едукација на населението, отвореноста  и поддршката на Општина Карпош и како најважно,   апелот  до  граѓаните  редовно  да  ги  вакцинираат децата и учениците со цел  да изградиме здрава средина и здраво општество.  

Ниските стапки на вакцинација од ХПВ се причина за пораст на бројот на заболени  девојки  и  жени  од канцер на грло на матката, додека морбилите се опасни по живот за  невакцинираните  деца.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин пресилен за македонскиот шампион
Следно соопштениеАД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните, претходното раководство да одговори дали донациите се согласно закон