ОБУКА ЗА САМООДБРАНА И ФИТНЕС

8
ОБУКА ЗА САМООДБРАНА И ФИТНЕС

Од понеделник, (23 септември) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ продолжува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за жени и девојки кои живеат на територијата на Карпош.

Обуката започна во февруари годинава, а по двомесечна пауза поради годишните одмори, продолжува од понеделник со нови термини и ќе трае до 30 ноември. Новите термини се понеделник и среда од 21.00 до 22.00. За сите нови информации учесничките на обуката може да се обратат кај Страшо Глигоров 070/274-813.

Оваа иницијатива ја подржаа советниците од Општина Карпош како дел од проектот „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“ во рамки на Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените.

               Преку обуката, учесничките ќе се стекнат со техники за самоодбрана од напад на вооружен и невооружен напаѓач, за задржување на контролата, како и техники за реагирање во различни ситуации.  Овој проект има за цел да ја промовира родовата еднаквост и да го поттикне развојот на едукативни информации кои се поврзани со здравјето, виталноста и физичката култура кај жените и девојките.  

За реализација на овој проект, локалната самоуправа од својот буџет обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПокана за учество на форум на заедницата во општина Струмица во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“
Следно соопштениеЈАВЕН ПОВИК за доделување на 23 стипендии на редовни ученици во средните училишта и на 28 стипендии на редовни ученици во основните училишта