ВО БИТОЛА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

7

Општина Битола и годинава со повеќе активности од 17 до 22 септември ја одбележува Европската недела на мобилност, која е востановена од Европската Унија и се одбележува во повеќе европски земји. Во одбележувањето со свои активности се вклучени повеќе институции меѓу кои Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР Битола, како и ученици од основните и средните училишта, студенти, наставници, велосипедски клубови и други учесници. Општина Битола во соработка со Europe House Bitola, организираа забавна активност за младите од основните и средните училишта во градот. Активноста се состоеше од три велосипедски игри со цел подигнување на свеста за Зелената дипломатија и за зачувување на урбаните средини со намалување на загадувањето. Настанот го посети Градоначалникот на Општина Битола  кој разговараше со младите учесници кои имаа можност да учествуваат и да се натпреваруваат, да се соочат со предизвиците, но и да се забавуваат и дружат со нивните врсници.  

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗРТМ: Тренерски лиценци – сезона 2024/25
Следно соопштениеСДСМ: СДСМ намалуваше цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата