Во Битола започна програмата на 45 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. На отворањето на фестивалот беше доделена Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки, а наградата му беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематограферите. Фестивалот за отворен го прогласи претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која заради престој во странство, своите пораки ги искажа низ видео обраќање. „Со право важниот и чудесен настан „Браќа Манаки“ ги слави и величи кинематограферите како волшебници и магионичари кои од приказната прават слика и филм. Сите ние имаме лична историја запишана во нашата или нечија меморија. Во книгите или во видеозаписите како што Милтон и Јанаки ги запишале и сочувале големите собитија на почетокот на 20 век, но и малите секојдневни работи и активности. Нивните записи се не само историја, туку и уметност, битолска, национална, регионална и светска. Да продолжиме да ги чествуваме и славиме браќата Манаки. Да ги сакаме, негуваме и славиме, филмот и уметноста, да го живееме животот, оти едни и единствени се браќата Манаки, порача претседателката Силјановска Давкова, прогласувајќи го фестивалот за отворен. На отворањето на фестивалот беше доделена наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а ја врачи претседателот на Владата Христијан Мицкоски, додека наградата за особен придонес во светската филмска уметност ја доби Јоланта Дилевска, а ја врачи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Градоначалникот Коњановски, посакувајќи […]
Извор на соопштението