Пријавени неколку случаи на труење со храна во Армијата

10
Пријавени неколку случаи на труење со храна во Армијата

Во изминативе неколку дека се случило труење со храна кои ги зафатило дваесетна питомци и двајца офицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Ова е директен доказ за негрижата на Владата и Министерството за Одбрана да обезбедат основни услови за живот и работа на припадниците на армијата. Додека владините функционери зборуваат за реформи во безбедносните сили, нивните пропусти во основни обврски, како што е здравствената заштита, стануваат сè поочигледни и загрижувачки.

Овој скандал не завршува само со Воената академија – заболени војници се регистрирани и во касарната Илинден и касарната во Велес. Овие случаи го откриваат длабокиот и алармантен степен на негрижа кон армијата. Војниците и питомците, се оставени на милост и немилост на катастрофалните услови, што резултира со сериозни здравствени инциденти.

Ова не е прашање на изолирани инциденти, ова е системски проблем кој бара итно решавање! Надлежните институции не можат и не смеат да останат неми пред овие инциденти. Не само што треба да се преземат итни мерки за санација на состојбата во касарните и воените објекти, туку мора да се обезбеди и целосна одговорност од сите нивоа на командниот синџир, вклучувајќи го и Министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Неприфатливо е припадниците на армијата да бидат изложени на здравствени ризици во објектите каде што треба да се обучуваат и подготвуваат за одбрана на државата. Секоја од институција кои дозволуваат вакви пропусти, се директна закана за националната безбедност.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеТретата генерација учесници ја заокружија левичарската школа Левица
Следно соопштениеДодека СДСМ ги поддржуваше граѓаните во време на ковид кризата ДПМНЕ опструираше