РК Еурофарм Пелистер – Пораз за пелистерци на гостувањето кај романскиот шампион

11
РК Еурофарм Пелистер – Пораз за пелистерци на гостувањето кај романскиот шампион

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија на третиот натпревар во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Романија кај Динамо Букурешт. Домашниот состав покажа дека е на друго ниво, го потврди статусот на фаворит и со 34-25 дојде до три од три во групата А во елитното натпреварување.

Динамо се избори за убедлива предност од шест разлика по првиот дел (19-13), па воден од таа енергија, самодоверба лесно му беше во продолжението во кое во неколку наврати водеше и со десет разлика. Кузмановски со девет погодоци ја предводеше листата на стрелци кај битолчани, Роста пак со седум реализации беше прво име кај победникот.

Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
Б група – трето коло

Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер 34-25 (19-13)

Спортска сала „Поливалента“ – Букурешт
Гледачи: 2.000
Судии: Марион Кул и Алвар Тинт (Естонија)
Црвен картон: Илија Абутовиќ (Еурофарм Пелистер)

Динамо Букурешт:
Цупара, Јанку 1, Рошта 7, Али Зеин 5, Трастарсон 4, Ѓукиќ 3, Негру 3, Акименко 3, Кудуз 2, Лумбросо 2, Блажејевич 1, Лангаро 1, Пасквал 1, Кашпарек 1, Вујовиќ, Милитару
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 9, Радивојевиќ 6, Пешевски 3, Пав. Атанасијевиќ 3, Борзаш 2, Хосни 2, Манасков, Цехте, Ристевски, Кузманоски, Тајник, Абутовиќ, Ѓорговски, Петровиќ
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути

Следниот натпревар за Еурофарм Пелистер е дербито со Вардар во СЦ „Јане Сандански“ в сабота попладне.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта на СДС и ДУИ преку владиниот секретаријат за една година потрошила 23 милиони евра на сомнителен начин, додека немаше пари за лечење, учебници за учениците 
Следно соопштениеРешение за свикување на четириесет и втората седница  на Советот на општина Струмица