ССКМ со поддршка за активно вкучување на жените во бизнис секторот преку проектот “Зајакнување на водечката улога на жените во приватниот сектор”

7
ССКМ со поддршка за активно вкучување на жените во бизнис секторот преку проектот “Зајакнување на водечката улога на жените во приватниот сектор”

Во студиото на националниот сервис на МРТВ, се разговараше за целите и резултатите од спроведувањето на иницијативата за зајакнување на улогата на жените во приватниот сектор, со Росица Тошевска, програмски менаџер на проектот од страна на Консалтингот за стратешки развој – SDC, Весна Кузмановиќ член на истражувачкиот тим, одговорна за надворешен мониторинг и Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, вклучени во проектот „Зајакнување на водечката улога на жените во приватниот сектор преку подобрување на меките вештини и финансиската писменост на жените и спроведување на дигитализација во процесот на вмрежување и едукација на жените претприемачи“.

Проектот е со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia, a подготвен од Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија во рамките на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Strategic Development Consulting – Консалтинг за стратешки развој – SDC.

Повеќе на линкот:https://youtu.be/hBv1go2mdjY?feature=shared

Previous articleПовик за учество во програма за менторирање и поддршка од експерти во имплементирање на стандарди и стратегии за родово-инклузивни работни места

SSKM

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ ДОМАЌИН НА СКОПСКИОТ УЧИЛИШЕН РАГБИ ФЕСТИВАЛ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Старт со убедлива победа на Еурофарм Пелистер 2 во Првата лига