РК Еурофарм Пелистер – Спектакл во Битола, Еурофарм Пелистер го надигра Вардар 1961

4
РК Еурофарм Пелистер – Спектакл во Битола, Еурофарм Пелистер го надигра Вардар 1961

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 35-33 во дербито на колото во домашниот ракометен шампионат. Вечерва во Битола домашните на полувреме имаа големи +9, но во вториот дел целосно потфрлија, па Вардар во финишот се приближи и на еден гол разлика, но не успеа да направи целосен пресврт.

Радивојевиќ постигна 13 гола, Кузмановски запиша уште осум, а Митревски собра 12 одбрани. Кај Вардар Крсманчиќ постигна девет гола.

Ракомет
Суперлига 2024/25
15. коло

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 35-33 (22-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Црвен картон: Хориха (Вардар 1961)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Цехте 3, Ристевски, Кузманоски, Тајник 4, Борзаш 1, Радивојевиќ 13, Кузмановски 8, Костески, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Пешевски 1, Хосни 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Мамдух 2
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути

Вардар 1961:
Фереира, Гогов, М. Стојановски, Јагуриновски 4, Аларов, Т. Стојановски, Георгиевски, Родригез 3, Крсманчиќ 9, Кооиј 1, Лазаревски 1, Хориха 4, Николиќ 2, Петриќ 6, Маргели 3, Ќосевски,
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути

Во последното коло во 2024 година Еурофарм Пелистер гостува кај Пролет.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПремиерот Мицкоски на Советот за странски инвестиции посочи дека за 6 месеци се договорени или отпочнати со реализација инвестиции од 700 милиони евра
Следно соопштениеВардар го зголеми и засили стручниот штаб