Хуманитарен концерт по повод Меѓународниот Ден на Грижата за повеќе Згрижувачки Семејства

5
Хуманитарен концерт по повод Меѓународниот Ден на Грижата  за повеќе Згрижувачки Семејства

На 29-ти октомври, со прекрасна атмосфера и искрени емоции, се одржа хуманитарниот концерт по повод Меѓународниот ден на грижа и поддршка.

Во организација на СОС Детско Село, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Гази Баба, настанот, имаше за цел да ја подигне свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната непроценлива улога во општеството.

Голема благодарност и до Силви Бенд кои внесоа позитивна енергија и радост, но и ги инспирираа присутните да размислат за својата улога во заедницата и можноста да станат згрижувачи.

“Денес го славиме згрижувањето како акт на љубов и поддршка за децата кои најмногу имаат потреба од сигурност и внимание. Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, преку различни програми и проекти, продолжуваме да работиме на унапредување на системот на згрижување, да ја подигаме свеста за важноста на семејното згрижување и да охрабриме што повеќе семејства да се вклучат. “ – изјави г-дин Ѓоко Велковски, Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади.

Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на згрижувачите и да ги мотивира новите кандидати да се приклучат на оваа благородна мисија. Преку оваа иницијатива, се нагласи значењето на згрижувачите, кои играат клучна улога во заедницата, обезбедувајќи дом и семејство за децата кои имаат потреба од топлина и сигурност.

“Како општина, продолжуваме со заложбите за поддршка на семејното згрижување, бидејќи веруваме дека секое дете заслужува шанса да расте во безбедна и стабилна средина, опкружено со грижа и љубов. Затоа, и оваа година ја организираме оваа промотивна активност, каде што ја подигаме свеста за значењето на згрижувањето и ја изразуваме нашата длабока почит кон сите згрижувачи.“ – додаде во своето обраќање г-дин Бобан Стефковски – Градоначалник на Општина Гази Баба.

На настанот беше потенцирано дека згрижувањето не е само професија, туку мисија која носи позитивни промени во животите на децата. Секоја личност која станува згрижувач е дел од трансформацијата на едно детско срце, создавајќи можности за емоционален и психолошки развој.

„ Згрижувањето е во голема мера синоним за работата на СОС Детско Село, но за нас исто така претставува и наша морална одговорност. Сведоци сме на неверојатните приказни на посветеност и љубов што ги покажуваат згрижувачките семејства да создадат топол дом и грижа за секое дете, бидејќи згрижувачите се оние кои го гарантираат и овозможуваат вроденото право на секое дете на животен стандард кој ќе дозволи физички, ментален, духовен, морален и социјален развој.“- изјави директорката на СОС Детско село Скопје, Наде Качакова.

Пораката беше јасна – секое дете заслужува шанса за сигурен дом и љубов.

СОС Детско Село повикува сите кои сакаат да направат разлика во животот на едно дете да размислат за оваа важна улога и да се приклучат како згрижувачи.

Повеќе информации за тоа како да станете згрижувач можете да најдете на www.zgrizuvanje.mk или на 075 277 447.

The post Хуманитарен концерт по повод Меѓународниот Ден на Грижата за повеќе Згрижувачки Семејства appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштение“Превенција од манипулација со спортски резултати”
Следно соопштениеПлатформа за родова еднаквост – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени