Ќе го поништи ли Уставниот суд преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ Левица

4
Ќе го поништи ли Уставниот суд преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ Левица

Уставниот суд денес ќе одлучува и по уште една Иницијатива поднесена од Левица со која оспоривме делови од Одлуката за определување и промена на имиња на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје, донесена од страна на Советот на Град Скопје во мандатот на Петре Шилегов.

Со оваа Одлука беа преименувани стотина улици во Скопје, меѓу кои и улиците „Втора македонска Бригада“ која се преименуваше во „Адем Демачи“, улицата „Лазо Москов“ во „Ернест Колиќи“, улицата „Македонска Косовска Бригада“ во „Митхат Фрашери“ и улицата „191“ во „Сул Хотла“.

Ако се земе предвид животното дело на овие личности по кои се преименувани улиците, јасно е дека станува збор за контроверзни личности кои немаат никаква историска нишка со македонскиот народ и македонската држава. Напротив, истите делувале против унитарноста, интегритетот и суверенитетот на македонската држава.

Согласно позитивните законски норми во Република Македонија, не може да се определи име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект со кое се нарушува угледот на Република Македонија, се навредуваат националните чувства на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на други држави или да се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал.

Со преименувањето на овие улици, по имиња на балисти и фашисти, директно се повредуваат чуствата на македонскиот народ и се предизвикува етничка и верска нетрпеливост. Поради тоа, сметаме дека Уставниот суд треба да постапи по Иницијативата на Левица и да ја поништи оспорената одлука!

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗА ОПШТА БОЛНИЦАТА ГОСТИВАР ОБЕЗБЕДЕНА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА НАД 450 ИЛЈАДИ ЕВРА
Следно соопштениеНовогодишната кошничка е манипулација, трговците веќе ги зголемија цените