УРБАНО ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ПАРКОТ КАЈ ДОВЛЕЏИК

5

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес информираше за динамиката со која се спроведуваат активностите од проектот „ЕУ за чист воздух“, со кој градот се оплеменува со над 1000 садници. Целта на проектот е да се даде директен придонес кон намалувањето на еден од најгорливите проблеми за локалното население, а тоа е загадувањето на воздухот, како еколошки здравствен проблем број еден, кај нас и во ЕУ. „Кон крајот на третата етапа од засадувањето на 1500 садници на 10 локации во градот, преку проектот „ЕУ за чист воздух“, денес присуствуваме на урбаното зазеленување на паркот Довлеџик. На оваа локација, која практично опфаќа три дела, поточно делот на самиот парк, делот кон Педагошкиот факултет и делот кон претставништвото на Шкода, деновиве се засадуваат над 200 дрвја. Пред само неколку недели, во Градскиот парк ја започнавме реализацијата на проектот „ЕУ за чист воздух“, и со задоволство можам да констатирам дека за кратко време, градот е оплеменет со над 1000, веќе засадени садници. Во текот на вчерашниот ден, во Битола пристигна и последна испорака на садниците според утврдениот план, односно 349 садници од 8 видови. Согласно временските услови, се очекува и овие преостанати садници, да бидат засадени на претходно предвидените локации до крајот на годината“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Дрвјата се претходно избрани од стручни лица од проектот, во соработка со вработените ЈП Комуналец во Битола,  а исто така, избрани се и локациите, кои што се од посебно значење за жителите на општина Битола. Проектот е финансиран од Европската Унија, а […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување за исправност на вода за пиење » Општина Прилеп
Следно соопштениеСВИКAНA ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД