Држава во канџите на корупцијата

5
Држава во канџите на корупцијата

На 9 декември, Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, Македонија повторно стои пред огледалото на својата реалност – заробена, разорена и изнемоштена од коруптивниот октопод кој ги гуши институциите и народот. Корупцијата не е само слабост на системот, туку, за жал, неговото главно обележје.

Додека надлежните институции како ДКСК, судовите и обвинителствата молчат или одработуваат за криминалните елити, оние кои треба да одговараат, не само што се на слобода, туку и сè уште ги заземаат највисоките функции во државата. За криминални и коруптивни скандали, наместо соочување со последиците, сведоци сме на константни политички игри и тактизирања на СДС-ДПМНЕ, наградувања, амнестирања, помилувања, донесување на измени на Кривичниот законик во нивна полза.

Ваквата пракса на секоја власт изминативе години е отворено понижување за секој чесен граѓанин кој живее во сиромаштија, додека милијарди евра исчезнуваат низ мрежата на корумпираните елити. Наместо да служат на народот, институциите се претворија во машини за профит на криминалците.

Ја потсетуваме јавноста дека Левица е единствениот глас против коруптивните практики, а тоа го докажуваме и практично со:

  • Поднесен предлог за дуплирање на рокот за застарување на сторенк кривични дела поврзани со висока корупција;
  • Пркосиме на законите кои фаворизираат коруптивни практики и неказнивост;
  • Поднесуваме кривични пријави, претставки до ДКСК и барања за ревизија за секое сознание или очигледни белези за криминал и корупција.

Само со системски реформи, транспарентност и бескомпромисна одговорност, можеме да ја изградиме државата одново и да бидеме земја каде корупцијата нема да биде правило, туку исклучок што ќе се санкционира безмилосно.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП – Министерство за Здравство
Следно соопштениеТалески: Од 600 до 400 денари-историски лаги од ВМРО-ДПМНЕ за откупната цена на тутунот