Почувствуван земјотрес

5
Почувствуван земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 12.12.2024 година во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрираа земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:

  • епицентарот на првиот земјотрес е 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL4.0, a е почувствуван во северозападниот дел на државата со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,
  • епицентарот на вториот земјотрес е 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда МL3.3 а е почувствуван само во западниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

The post Почувствуван земјотрес appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГлавни економски аргументи за инвестирање во ПРОГРАМАТА ЗА АКТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА МАЈКИТЕ И ДЕЦАТА
Следно соопштениеПосебен режим на сообраќајот поради чествувањето на Празникот на градот