Ценовен удар врз граѓаните – владата без решение Левица

7
Ценовен удар врз граѓаните – владата без решение Левица

Последните податоци за растот на цените на основните прехранбени производи уште еднаш ја покажуваат неспособноста на Владата да се справи со економската криза. Само за два месеци, цените на основните продукти лебот, млекото и зејтинот пораснаа во просек за 10-15 отсто, што значи дека едно семејство денес троши најмалку 300-500 денари повеќе во текот на една седмица, само за основни намирници.

Овој раст, од 10-15 отсто не е само статистика, туку директен удар врз стандардот на граѓаните, особено во контекст на ниските плати и невработеноста. Владините мерки, кои често се импровизации, не успеваат да го стабилизираат пазарот. Напротив, тие само создаваат дополнителен притисок врз малите производители и трговци, кои се принудени да ги зголемуваат цените.

Доколку Владата има желба да го спроведе, нашето решение е:

– итна контрола на профитните маржи во малопродажбата и увозот

– намалување на ДДВ-то за основните прехранбени продукти

– субвенции за домашното производство со цел да се намалат увозните трошоци

– зголемување на минималната плата во согласност со инфлацијата

За ова е потребна системска политика, а не маркетинг кампањи без реален ефект. Левица и понатаму ќе продолжи да анализира и да предлага конкретни мерки кои ќе бидат во насока на подобрување на животот на граѓаните, особено на оние со ниски, просечни и потпросечни, примања и социјално загрозените.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА – Министерство за Здравство
Следно соопштениеЏабе е зголемен бројот на производи кои се дел од „кошничката“ кога трговците ги зголемија цените