Розов октомври – Mесец за подигање на свеста за ракот на дојката

7
Розов октомври – Mесец за подигање на свеста за ракот на дојката

Во рамките на кампањата “Октомври- месец посветен на подигање на свеста и превенцијата против ракот на дојка”, Сојузот на стопански комори на Македонија организираше едукативен настан за своите членки со цел навремено информирање и подигање на свеста за важноста на раната детекција и редовните прегледи. На настанот предавања и совети споделија искусни професионалци: д-р Маја Јакимовска, радиолог, прим. д-р Васо Коруновски, гинеколог, и психологот Бојана Петровска.

Присутните имаа можност да научат повеќе за важноста на самопрегледите и редовните контроли, факторите на ризик, како и начинот на кој можат да се справат со емоционалните и психолошките предизвици кои доаѓаат со оваа дијагноза. Психолошката поддршка и разбирањето се клучни во овој процес, и затоа нашиот тим се погрижи учесниците да добијат целосен преглед на физичките и психолошките аспекти на борбата против ракот на дојка.

Сојузот на стопански комори на Македонија останува посветен на промоцијата на здравјето и поддршката на жените во борбата со ракот на дојка. Благодарност до сите кои присуствуваа и до стручните лица кои споделија совети и информации што можат да спасат живот. Да продолжиме да работиме заедно на подигање на свеста, бидејќи секој чекор кон превенцијата значи и чекор поблиску до побезбедна иднина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНИКОЛА РАДОЊАНИН ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ
Следно соопштениеПОСЕТА НА ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ – РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА НАСОВРЕМЕНИ ПРАКТИКИ ВО МЕДИЦИНАТА