СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

7
СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 31.10.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

Усвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седница

  1. Предлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.
  2. Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид.
  3. Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.
  4. Предлог-одлука за објавување јавни повици за избор на членови во Управни и Надзорни одбори на Јавните претпријатија основани од општина Охрид.
  5. Предлог-одлука за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште на дел од КП.бр.10808/1 КО Охрид 2.
  6. Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште – КП.бр.11916/1 и други во КО Охрид 3.
  7. Предлог-одлука за донесување техничка исправка во табеларен приказ за нумерички податоци за ГП 8.14 и ГП 8.15 во ДУП за дел од месна заедница „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс, Блок 8 – Охрид, општина Охрид.
  8. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 9, ГП 14 и ГП 15 формирани во ДУП за дел од МЗ „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс во КО Охрид 4, општина Охрид.
  9. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 15.20, ГП 15.21, ГП 15.38 и ГП 15.39 формирани во ДУП за УЗ 18, УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ во КО Охрид 4, општина Охрид.
  10. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 1.30 во ДУП за Урбана заедница 2 дел од Урбан Блок 2.3 – опфат 1 – Охрид.
  11. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 1.
  12. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.915 и КП.бр.916 КО Охрид 4.
  13. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.962/1 и КП.бр.961 КО Оровник, објект 1 и објект 2.
  14. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1515 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.
  15. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1661 КО Пештани.
  16. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1802/1 КО Лескоец, објект 1.
  17. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2477/1 КО Коњско, објект 3.
  18. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.7085/4 КО Охрид 1, објект Е15.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Перчо Божиновски

 

 

 

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА БИТОЛА
Следно соопштениеМАКЕДОНСКАТА СТРЕЛАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ВО РАМКИ НА СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“