Наместо да се срамат што се заглавени во криминал и испреплетени со банди и коалициони криминалци СДС во паника спинуваат со надеж да направат смут

4
Наместо да се срамат што се заглавени во криминал и испреплетени со банди и коалициони криминалци СДС во паника спинуваат со надеж да направат смут

СДС не се оградува од Груби, туку гледа да го оправда и да го поистовети со тие кои го гонат. Ваков апсурд може да му текне само на бандитски и испаничен ум во раководството на СДС. Но еве една порака до сите што се огрешиле и до тие во СДС што мислат дека ќе спинуваат вака во надеж дека ќе направат смут во јавноста. Правдата ќе ве стигне сите.

Сите што го прекршиле законот ќе одговараат без разлика колку вие ќе се обидувате да го дефокусирате и одбегнувате тоа.

Стравот ви се гледа од камионите на Заеви во РЕК Битола и од канцелариите кај што се местеле тендерите на Филипче по Онкологија и други клиники. Така да чекајте ова е само почеток. И ваквите глупави соопштенија нема да поколебаат никого во борба против корупцијата. Секој што се огрешил ќе одговара.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕКИПАТА НА ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ НА НОВОГОДИШНИОТ ТУРНИР ВО ШАХ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2024“
Следно соопштениеРешение за свикување на четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица