Решение за свикување на четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

3
Решение за свикување на четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица

    Бр.08 – 9534/1

    18.12.2024 год.

    С т р у м и ц а

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и шестата седница  на

Советот на општина Струмица

 

               Ја свикувам четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 25.12.2024 година (среда).

               Четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

За работата на седницата предлагам:

I

Усвојување на записниците од 43-та, 44-та, 45-та седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог-Програма за работа на Советот на општина Струмица за 2025 година;
  2. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2025 година;
  3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
  4. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2025 годинa;
  5. Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2025 годинa;
  6. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2025 година;
  7. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  8. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2025 година;
  9. Предлог – Програма за поставување на  урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2025 година;
  10. Предлог-Програма за работа  во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Мaкeдонија на подрачјето на општина Струмица за 2025 година;
  11. Предлог-Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2025 година;
  12. Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  13. Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2025 година;
  14. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2025 година;
  15. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица  за 2025 година;
  16. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2025 година;
  17. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2025 година;
  18. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2025 година;
  19. Предлог-Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2025 година;
  20. Предлог–Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој  и туризмот  во 2025 година;
  21. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната  и детската заштита во 2025 година;
  22. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица  во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и  справувањето со кризи во 2025  година;
  23. Предлог – Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година;
  24. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2025 година во Општина Струмица;
  25. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2025 година;
  26. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2025 година;
  27. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче на подрачјето на Општина Струмица во учебната 2025/2026 година;
  28. Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош за   новороденче на подрачјето на Општина Струмица  во 2025 година;
  29. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
  30. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотацијата за основно образование за 2025 година;
  31. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотацијата за средно образование за 2025 година;
  32. Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост„ Струмица за 2025 година;
  33. Предлог – Oдлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито„ Струмица за 2025 година;
  34. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Павлинка Синадиноска од с.Дабиле;
  35. Предлог – Одлука за субвенционирање на сметките на гас за домаќинствата на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  36. Предлог – Одлука за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2025 година;
  37. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица – Гас” Струмица за 2025 година;
  38. Програма и план за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица за 2025 година;
  39. Финансиски план на ЈПЗБК „Стационар -Лана“ Струмица за 2025 година;
  40. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ Струмица за период од 01.01.2024 до 30.09.2024 година;
  41. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица” Струмица за 2025 година;
  42. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период од 01.01.2024 до 30.09.2024 година (со финансиски план);
  43. Програма за работа со финансиски план на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2025 година;
  44. Одлука за набавка на нова комбинирана машина ровокопач – натоварувач по пат на финансиски лизинг;
  45. Извештај за работењето со финансиски извештај на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за период 01.01.2024 – 30.09.2024 година;
  46. Програма за работа на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2025 година;
  47. Субвенциониран ценовник на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица за 2025 година;
  48. Извештај за 2024 година и Програма за Струмичкиот карневал – 2025 година;
  49. Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2025 година;
  50. Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2025 година;
  51. Одлука за давање согласност за отуѓување на движни ствари (ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица).

 

                                                                           Совет на општина Струмица

          Претсeдател,

           Марjан Даскаловски

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНаместо да се срамат што се заглавени во криминал и испреплетени со банди и коалициони криминалци СДС во паника спинуваат со надеж да направат смут
Следно соопштениеТошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Груби или тоа ќе го направи СДСМ