Кога пристигна во згрижувачкото семејство имаше само 4 години – беше тивко , срамежливо момченце кое речиси не зборуваше. Првите години од животот ги имаше поминато во нестабилност, не знаејќи што значи “вистинско“ семејство.
“Не ме гледаше во очи. Не зборуваше. Само седеше и молчеше.”– раскажува неговата згрижувачка за првите денови.
Со трпение, љубов и стабилност во новото семејство, тој почна да се менува. Полека почна да разговара, а по неколку месеци, првпат гласно се насмеа. Таа смеа стана негов заштитен знак – тој е сега најсреќното и најгласното дете во своето семејство.
“Кога ќе пораснам ќе им помагам на децата да се чувствуваат безбедно, исто како што мојата “мама Зора“ ми помогна мене.”
Твојата донација им дава на децата без родителска грижа втора шанса за љубов и семејство. Донирај денес и подари надеж за посреќна иднина!
The post Од молчење до радост, смеа и сигурност appeared first on СОС Детско село.