Конкурс за проектен/-на координатор/-ка

6
Конкурс за проектен/-на координатор/-ка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на проектен/-на координатор/-ка за периодот 1 февруари – 31 декември 2025 година.

  1. Опис на работната позиција, задачи и услови

Координаторот/-ката ќе биде одговорен/-на за:

  • Планирање и спроведување на проектните активности во согласност со временската рамка;
  • Следење на трошоците поврзани со проектот и управување со буџетот на проектот;
  • Извршување административни задачи поврзани со проектот, вклучувајќи подготовката на документи од областа на административното и финансиско работење, организирање средби и пишување извештаи;
  • Комуникација со членовите на програмскиот тим и со други одделенија во здружението;
  • Соработка со заинтересираните страни и партнерите во однос на проектните активности;
  • Обработување и архивирање на релевантни документи за проектот во соработка со главниот административен асистент на Здружението;
  • Прибирање и анализа на податоците потребни за подготовка на извештаи и евалуации;
  • Се вклучува во развој на нови проекти;
  • Координација на дневните активности на проектот, вклучувајќи го следењето на работата  на тимот;
  • Се вклучува во подготовка на комуникациски материјали и информации за јавноста, во соработка со програмските тимови и со комуникацискиот специјалист во рамки на проектот;
  • Учествува во обуки за развој на капацитетите за членовите на проектните тимови или за сите вработени во Здружението;
  • Се вклучува во организација на настани, реализација на активности и соработка со заедниците;
  • Учествува на настани и средби во интерес на проектот, во координација со програмските тимови;
  • Одговорна за управување на проектот, вклучувајќи користење на соодветни алатки и технологии;
  • Се вклучува при активности за застапување и учество во јавни настани од интерес на проектот;
  • Ги следи новите тенденции и најдобри практики во областите релевантни за проектот;

 

Кандидат(к)ите треба да имаат:

  • Завршено високо образование;
  • Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office);
  • Најмалку 5 години во спроведување на проекти;
  • Искуство во водење и планирање на финансии;
  • Одлично  познавање на македонскиот и англискиот јазик;
  • Изградени способности за тимска работа и комуникација, и
  • Максимална посветеност кон работата.

Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:

  • Искуство во спорведување на програми и проекти  во национални и меѓународни организации;
  • Искуство во креирање и/или спроведување политики, програми и проекти поврзани со промоција, унапредување и заштита на човековите права;
  • Искуство во креирање и/или спроведување политики, програми и проекти поврзани со маргинализирани групи и социјално исклучени граѓани.

2. Пријавување

Најдоцна до 28 јануари 2025 година (вторник) до 23:59 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  1. Електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование;
  2. Кратка биографија (на македонски јазик);
  3. Писмо за мотивација (на македонски јазик);
  4. Листа на претходен работодавач (со контакти од супервизор/-ка) за најмалку петгодишно работно искуство релевантно за позицијата.

Ве молиме во апликацијата да наведете телефонски број и e-адреса за контакт.

Работниот ангажман се однесува на периодот од 1 февруари до 31 декември 2025 со полно работно време од 40 работни часа неделно, со можност за продолжување и со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.  Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проектен/на координатор/ка може да ги доставите елентронски на [email protected]

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОд молчење до радост, смеа и сигурност
Следно соопштениеКрводарителни акции