СОВЕТОТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПРОСЛАВИ ЕДНА ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО

4
СОВЕТОТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПРОСЛАВИ ЕДНА ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО

Последни новости


February 10, 2025

February 10, 2025

February 10, 2025

Актуелно


December 19, 2024

December 19, 2024

December 19, 2024

Документи и информации од јавен карактер

Електронска наплата и евиденција на даночни обврски

Финансиски индикатор

Отворени податоци на Општина Битола

Локални даноци и такси

EU Projects

  • All Posts
  • Eu Projects
Europe on a Doorstep

Europe on a Doorstep

Тековни проекти​

  • All Posts
  • Тековни Проекти
LRCP

LRCP

Линкови

  • All Posts
  • Огласи Линкови
Градежно Земјиште

Градежно Земјиште

Советот за женско претприемништво на општина Битола, синоќа во Белата Куќа хотел бистро, свечено ја одбележа годишнината од формирањето на тема: „Лидери на промените: Вечер со жени во бизнисот“.Настанот имаше за цел да ја промовира креативноста на жените кои работат со цветни аранжмани, декорации, кетеринг, пекарски производи, торти, колачи и еколошки декоративни свеќи. Сопственичките на цвеќарите Витраж, Гондола, Креимисимо, Мирјантон и Студио декор ЕКВ, со своите цветни декорации дадоа креативна но, гламурозна димензија на просторот. Прекрасно изработените креации на масите го покажаа нивниот претприемачки дух кој им овозможува да останат конкурентни на пазарот. Своите пекарски производи на настанот ги престави пекарата МИ ГО Ком, а прекрасните колачи и чоколадни бомбони ги презентираа слаткарницата Мариели и чоколадни бомбони Сиси. Успешната приказна за кетеринг пред присутните ја сподели сопственичката на пицеријата Метро. Поддржувачи на настаните на Советот за женско претприемништво беа неколку компании: Вемилк, Графо Пром и Голд Фелиција. Една интересна успешна приказна од циркуларната економија ја претстави ММ Креатионс која многу успешно изработува еколошки декоративни свеќи.

Настанот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски кој ги поздрави присутните и го изрази задоволството од начинот на кој се промовира и поттикнува претприемачкиот дух и иницијатива кај жените во општина Битола. Градоначалникот истакна дека на ваков начин, преку ваквите промоции се поттикнуваат и охрабруваат жените да отворат свој сопствен бизнис. Исто така, истакна дека општина Битола и понатаму ќе продолжи да го поддржува ваквиот начин на промоција на женското претприемништво во Битола.

На настанот, исто така, присутните ги поздрави и претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, која ја истакна важноста за поддршка на жените претприемачи во Битола. Според Илиевска, Битола изобилува со инспиративни приказни, а дел од нив ги видовме преку декорациите за кои се погрижија жени. Модератор на настанот беше проф.д-р Моника Марковска, потпреседател на Советот на женско претприемништво на општина Битола, а поздравен говор имаше и претседателката на Советот на женско претприемништво д-р Ана Ристевска која ги истакна сите настани во изминатиот период кои ги реализираше советот, како и плановите за идни активности кои ќе се спроведуваат во наредниот период, а се во насока на поддршка на женското претприемништво во нашиот град и негова промоција.

Жените кои се погрижија да го разубават секој момент од настанот, синоќа покажаа дека претприемачите се личности кои се храбри да преземат ризик за да можат својата идеја да ја претворат во реалност. Но, тоа немаше да биде толку убаво ако не ги поседуваат потребните карактеристики на личноста која има свој сопствен бизнис како: визија, поседување знаења и вештини, храброст и флексибилност, самодоверба, одлучност, енергија, доследност, оптимизам, иницијатива, иновативност и креативност, ориентираност кон резултати итн.

The post СОВЕТОТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПРОСЛАВИ ЕДНА ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување за неисправност на вода за пиење » Општина Прилеп
Следно соопштениеСОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД СЕ ВКЛУЧИ ВО КАМПАЊАТА „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2025“