Активности кои носат поддршка и радост за децата и нивните семејства

8
Активности кои носат поддршка и радост за децата и нивните семејства

Во нашите Советувалишта во Шуто Оризари и Гази Баба, минатата година започна уште една нова приказна за промени. Во месец октомври се отворија нов циклус на советувања преку Методологијата за јакнење на семејства, кој ги опфаќа децата на возраст од 6 до 11 години и младите од 12 до 16 години. Во три различни групи, активно учествуваа вкупно 49 родители и деца. Нивната заедничка цел е една: да се  создадат основи за посилни семејни врски и подобра иднина. Советувањата се повеќе од само споделување знаење – тие се безбедно засолниште, место каде што секое дете и секој родител се чувствува слушнато, разбрано и поддржано.

„Овие средби ми помагаат да ги разберам подобро потребите на моите деца и да научам како да им бидам вистинска поддршка,“ вели една од родителите вклучени во програмата.

Дополнително, во 2024 година вкупно 73 деца на училишна возраст беа дел од групни работилници посветени на запознавање со детските права, заштита и безбедност. Преку овие активности, децата учат како да се заштитат себеси, но и како да се грижат за другите.
Декември, пак, беше празничен на свој начин. Во креативните работилници за изработка на новогодишни честитки, 34 деца ги ослободија своите таленти и ја почувствуваа магијата на празниците. Пакетчињата и подароците што ги добија беа повеќе од само подароци – тие беа симбол на грижа и внимание.

“Кога добив пакетче, почувствував дека некој навистина мисли на мене. Тоа ми значи  многу повеќе од грицките во пакетчето.“ споделува едно од децата.

Советувалиштата на СОС Детско Село остануваат место каде што надежта расте и се создаваат спомени. Со секое советување, работилница или мал гест, се прави чекор напред кон светла иднина, каде што секое дете се чувствува безбедно, сакано и поддржано. Со нетрпение го очекуваме завршувањето на овој циклус на советувања во февруари/март 2025 година, убедени дека ќе видиме нови успеси и насмевки.

The post Активности кои носат поддршка и радост за децата и нивните семејства appeared first on СОС Детско село.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОдличен настап на Петар Гиноски во биатлонската трка
Следно соопштениеКонкурс за вработување на комуникациски/-а специјалист/-ка