Законот за ограничување на патните трошоци поднесен од Левица

4
Законот за ограничување на патните трошоци поднесен од Левица

Законот за ограничување на патните трошоци што го поднесе Левица, в среда е на Дневен ред на собраниска седница. Левица како анти-естаблишмент партија, бара кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците. Патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите, што создава неверојатна фрустрација кај народот.

Предлогот на Левица е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои 100 километри изминати. Сметаме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент, а ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет. За Левица одговара и нивно целосно укинување, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предлагаме законот во оваа форма.

За потсетување, пратениците од другите партии сега земаат пари за амортизација, за патарини… Пратениците од Левица не земаат патни трошоци, затоа што сметаат дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци.

Од пратеничката група на Левица никој не користи надоместоци за патни трошоци, ниту пак за кирии, иако имаме пратеници и од Гевгелија и од Струга, коишто се на екстремите на Македонија, од каде, всушност, пратениците земаат и по 800.000 денари за патни трошоци. Пратениците од Левица си плаќаат сами кирија во Скопје, од својата пратеничка плата.

Апелираме до мнозинството и до власта, на седницата в среда да го усвојат овој рационален закон за ограничување на патните трошоци! Тие средства може да се пренаменат за подобрување на квалитетот на живот на сиромашните и ранливи групи граѓани, како во здравствената, така и во социјалната сфера.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеУСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРТОПЕДИЈА – КОСКА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР ИМПЛАНТИРАНА НА ДВА ПРСТА КАЈ ДЕТЕ СО БРАХИДАКТИЛИЈА
Следно соопштениеБитиќи за ‘Рацин’: Ако власта го спроведе Законот за нефер трговски практики, цените ќе се намалат за 30%