СДС трошеше по 20 илјади евра на ден за спонзорирани лаги, време е да престанат со лицемерието и да се соочат со последиците од своите постапки

8
СДС трошеше по 20 илјади евра на ден за спонзорирани лаги, време е да престанат со лицемерието и да се соочат со последиците од своите постапки

Во недостаток на идеи, СДС денес се фати за целосно нерелевантни теми.

Очекуваме сѐ од оваа забегана криминална клика на чело со Филипче, но дека ќе критикуваат потези на транспарентност и отвореност, не верувавме.

Наместо да се соочат со сопствените корупциски скандали и злоупотреби, тие се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста со неосновани обвинувања.

СДС мисли дека грубите злоупотреби и криминалната спрега со креаторите на „лажните вести“ на социјалните медиуми, кога тие трошеа повеќе од 20 илјади евра на ден за спонзорирани лаги, ќе бидат заборавени. Но тоа време е минато. Граѓаните знаат кој ги труеше со лажни вести, а кој работи отворено и отчетно.

Инаку, да разјасниме – Мицкоски не дава денар за такви работи. А СДС, сè додека не сфати дека мора да излезе од лудилото во кое е навлезен, ќе се доведува во ситуации како на нивниот неодамнешен состанок во партијата, кога пресметувале дали ќе освојат еден или ниту еден градоначалник на следните избори. Народот ги препознава вашите глупости, лицемерие и забеганост и џабе ви се вакви лажни тврдења.

Една реклама на Фејсбук, која е јавно достапна и транспарентна, не е ниту еден промил од грабежот и криминалот што го спроведуваше СДС.

Граѓаните не се наивни и јасно ја гледаат разликата помеѓу транспарентното работење на ВМРО-ДПМНЕ и коруптивните практики на СДС.

Време е СДС да престане со лицемерието и да се соочи со последиците од своите постапки.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, 60.000 евра потрошил само тој досега
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер спогодбено се раздели со Кајо Цикатиќ