ХЕРА организира завршна конференција за поддршка на момчиња и мажи

7
ХЕРА организира завршна конференција за поддршка на момчиња и мажи

ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација на 19.02.2025 година, со почеток во 10
часот организира завршна конференција на тема „ Родова еднаквост и улогата на
мажите – Изградба на доверба и разбирање “ , како дел од повеќегодишната Програма
за родово засновано насилство.

Настанот ќе се одржи онлајн и на истиот се поканети претставници од основните и
средните училишта, Министерството за образование, ЛГБТИ организациите, младинските
невладини организации, центрите за социјална работа, Министерството за социјални
работи и службата за пробација.

Вашето присуство на завршната конференција можете да го пријавите на маил-
[email protected] , најдоцна до 14ти Февруари, петок, 2025 година

Линк за учество на конференцијата:
https://us06web.zoom.us/j/84839214859?pwd=T4LD0Dtdd4OSdQqZYSYpDpb3QJhYDa.1
Meeting ID: 848 3921 4859
Passcode: 609856
Проектот се реализира со поддршка од австриското Здружение за машки и родови
прашања Стирија од Грац, Австрија (Verein Für Männer- und Geschlechterthemen
Steiermark, Austria), а со финансиска поддршка од австриското Сојузно министерство за
социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Со почит,
Тимот на ХЕРА

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеМираковска до Таравари: Ќе поднесете ли оставка заради хаосот кој го направивте во здравството?