Одбележани 80 години од основањето на Црвениот Крст на Македонија – Доделена плакета на ССКМ

36
Одбележани 80 години од основањето на Црвениот Крст на Македонија – Доделена плакета на ССКМ

Црвениот крст го одбележа јубилејот 80 години од основањето, по тој повод на Сојузот на стопански комори на Македонија се додели плакета за досегашната посветена соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија и обезбедената поддршка на хуманитарни иницијативи кои имаат големо значење за нашата заедница и поддршка за имплементација на заеднички иницијативи од општествен интерес.

Плакетата ја прими г-дин Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

“Ова признание претставува уште една обврска да продолжиме со конкретни иницијативи за подобрување на социјалната заштита, за подобрување на животот на ранливите и маргинализирани групи во општеството. На сите вработени и активисти на Црвениот крст на Република Македонија, им посакувам многу успешни мисии во понатамошната работа на промовирање и унапредување на хуманоста и почитување на хуманите принципи”, истакна Ѓорѓиевски.

Нека е честит 80 – годишниот јубилеј на Црвен Крст!

Previous articleСоработка на ССКМ и Трговско-индустриска комора на Приморска Словенија
Next articleОТВОРЕН ПРВИОТ ЕВРОПСКИ ДИГИТАЛЕН ИНОВАЦИСКИ ХАБ ВО МАКЕДОНИЈА

SSKM

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАПЕЛ ДО ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
Следно соопштениеСДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса