Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт

46
Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт

Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт


ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити на ден 07.05.2025 година оствари средба со претставници на Секретаријатот за ПОВ г-дин Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа, Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа-, Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување и Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација. На средбата присуствуваше и Жарко Хаџи -Зафиров, ко-претседател, претставник на граѓанските организации во Советот за отворено судство.

          

На средбата, ВД Претседателот говореше за активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија кои обезбедуваат отвореност на судот, подобрување на електронскиот судски портал, подобрување на односите со јавноста, квалитетот и достапноста на податоците и информациите, како дел од заложбите на Советот за отворено судство во согласност со Декларацијата за отворено судство. Беа споделени информации за состојбата во исполнување на заложбите од Акцискиот план на Советот за отворено судство 2024-2026 година, потребата од дефинирање на приоритети, но и за потребата од финансиска поддршка во остварување на зацртаните цели и заложби на Советот.

         Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт

На крајот на средбата беше нагласено значењето за вклученоста на судската власт во глобалната иницијатива на Партнерството за отворена власт, со цел обезбедување квалитетни јавни услуги за граѓаните, во чија служба е судството.

            


Извор на соопштението

Претходно соопштениеОчекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка
Следно соопштениеПетровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција