Известување – Ракометна Федерација на Македонија

43

Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 ‘’Одлука без присуство’’ од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр.52 од 16.04.2010 год), на ден 15.05.2025 година Управниот одбор донесе одлука за именување на селектори во Младински категории.

  • За именување на селектор г-дин Симе Симовски одговорен за женска национална селекција (У19);
  • За именување на селектор г-ѓа Даниела Новеска одговорена за женска национална селекција (У17);
  • За именување на селектор г-дин Славиша Димитријески одговорен за  женска национална селекција (У15);
  • За именување на селектор г-дин Горан Кузманоски одговорен за  машка национална селекција (У17);

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди – Кошта ја поздрави одличната работа на Владата и реформскиот напредок, иднината на Македонија е во ЕУ
Следно соопштениеООУ „Петар Поп Арсов“ е шампион на Малите олимписки игри за основни училишта „Кочани – Делчево 2025“!