ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

37
ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

ДУИ, партијата која ја претвори Македонија во своја приватна компанија, сега се дрзнува да зборува за поделби? Истата таа ДУИ која 20 години ги делеше Албанците на „наши“ и „непријатели“, Македонците на „корисни и непослушни“, државата на „нивна“ и „втора класа“?

Но нема повеќе молк пред криминалот и ароганцијата. Денес, кога државата конечно се ослободува од канџите на мафијата на ДУИ, нормално е да викате. Ви пречи што нема повеќе тендери по телефон, што судии не ви слугуваат, што обвинителите не ви се соучесници.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС нема кредибилитет да зборува за енергетика, нивниот Васко Ковачевски е во бегство поради криминал, а Филипче е на одмор во Дубаи со златна виза
Следно соопштениеСДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?