Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи, СДС беа тие што ги оставаа земјоделците со празни раце

40
Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи, СДС беа тие што ги оставаа земјоделците со празни раце

СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година па навака. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата.

За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци.

Веќе една година нема проблем ниту со откупот ниту со висината на откупната цена, напротив, имаме досега највисоки откупни цени и за тутунот и за грозјето и за пченицата и за раноградинарските култури.

Пченицата се откупува сега за 12 денари, а министерството ќе покрие и други трошоци на земјоделците.

Откупните цени на винското грозје за 2025 година, поконкретно за Вранец се 21.3 денари, а за Смедеревка 18.9 денари.

МЗШВ нема скратено средства за земјоделците. Тоа е одлика на СДС, кога не им ги исплаќаа субвенциите и ги оставаа со празни раце, па си делеа тендери и фотелји меѓу нив.

Земјоделците јасно го имаа искажано револтот кон СДС, а го искажаа и сите останати граѓани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеШукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде
Следно соопштениеРаководството на СДС е во скут на бугарското разузнавање и ДУИ,  нереформирано СДС е штетно за државата и за самата опозиција