ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ЗАРАДИ ИСПИТУВАЊЕ НА СТАТИКАТА НА НАДВОЗНИКОТ „ВЛАЈКО“

41
ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ЗАРАДИ ИСПИТУВАЊЕ НА СТАТИКАТА НА НАДВОЗНИКОТ „ВЛАЈКО“

Во насока на зголемување на општата безбедност, Општина Карпош ја информира јавноста дека во вторник (29.07.2025) година со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае). Поради изведување на стручните мерења, ги известуваме сите граѓани дека ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази.

 

                Имено, во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот „Партизански одреди“, по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршување на првата фаза, ќе следи затворање на сообраќајот во насока запад – исток, (кон Центар), исто така по принципот лента по лента.

 

                Во оваа пригода локалната самоуправа посочува дека во текот на изведување на работите, сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација и опремата која ќе биде времено поставената, на која ќе биде означено прописното ограничување на брзината на движење од 30 km/h. Се предвидува овие работни активности да се одвиваат во период од седум работни дена, а по нивното завршување да биде воспоставен првобитниот режим на сообраќај.

 

                Општина Карпош апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се прилагодат кон времениот сообраќаен режим, за што однапред им благодари на разбирањето и соработката.    

                 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКога Шукова зборува за зеленило, чист воздух и јавен превоз, се поставува прашањето дали таа беше министер во Влада на СДС или некој друг?
Следно соопштениеТренчевска: ВМРО-ДПМНЕ лаже, со СДСМ пензиите пораснаа за 30%