„Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“

7
„Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“

Со огромно задоволство ја споделуваме листата на одобрени проектни апликации за субгрантови за проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“  

Во наредниот период, преку финансиска поддршка и менторски процеси 15 национални спортски федерации ќе развијат и спроведат сопствени акциски планови за родова еднаквост, подобрување на безбедноста и поголема вклученост на жените и девојките – особено оние со попреченост – во спортот. 👩‍🦽⚽

Ова е важен чекор кон создавање посправедлива и инклузивна спортска сцена во Северна Македонија. Благодарност до сите партнери кои го поддржуваат овој процес! 🤝

Спортски федерации чии апликации се одобрени

1. Биатлон федерација на Северна Македонија

2. Боди билдинг и фитнес федерација на Македонија

3. Веслачка федерација на Република Северна Македонија

4. Кикбокс маитаи федерација на Македонија

5. Федерација за лизгачки спортови на Северна Македонија

6. Мечувалечка федерација на Северна Македонија

7. Одбојкарска федерација на Македонија

8. Пинг-понгарска федерација на Република Северна Македонија

9. Македонска спортско-стрелачка федерација – МССФ

10. Тениска федерација на Северна Македонија

11. Триатлон федерација на Северна Македонија

12. Македонска федерација за дигање тегови

13. Федерација на гимнастички спортови на Северна Македонија

14. Федерација за коњички спортови на Република Северна Македонија

15. Џудо федерација на Република Северна Македонија

*Проектот е кофинансиран од Европската Унија 🇪🇺

Извор на соопштението

Претходно соопштение9 за Продановски за изградба на обиколниците Исток и Запад, нова детска градинка, два нови паркови и многу други проекти за прилепчани
Следно соопштениеФилипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт нашите граѓани имаат најскап живот во регионот