Почитувана јавност, драги скопјани,
сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија.
Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата.
Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје.
Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат.
https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1357033322716620&id=100052298961760&mibextid=wwXIfrp&rdid=Myo6YCk3a1Nx9aHr#