Претседателот Димевски оствари средба со Јаковос Филипусис, Генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри

56
Претседателот Димевски оствари средба со Јаковос Филипусис, Генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри

Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, придружуван од Генералниот секретар Ѓорги Тасев и Раководителот на сектор спорт, Петар Спасеновски, оствари срдечна и работна средба со г-дин Јаковос Филипусис, Генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG).

Во фокусот на разговорите беа подготовките за претстојните 20-ти Медитерански игри, кои ќе се одржат во Таранто, Италија, во 2026 година. Беа разменети клучни информации околу организациските аспекти и учеството на македонската делегација, со цел обезбедување на најдобри услови за нашите спортисти на овој престижен настан.

Средбата помина во исклучително конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја одличната соработка и заедничката визија за успешен настап на игрите во Таранто.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ игра опасна игра со мигрантите, по инстриукции на Вучиќ води политика за изолација
Следно соопштениеПетрушевски: Ниту еден пратеник од СДС не присуствува на собраниската седница, на повидок нов раскол во СДС?