МОК одржа Форум на спортисти посветен на „двојна кариера“ и успешна транзиција од спортските терени во деловен свет

63
МОК одржа Форум на спортисти посветен на „двојна кариера“ и успешна транзиција од спортските терени во деловен свет

Централен дел на форумот беше панел-дискусијата „Живот надвор од терените: Патот на двојната карieра“, каде што истакнати олимпијци, европски и државни шампиони ги споделија своите лични искуства за патот од спортскиот успех до деловната и општествената реализација. Во дискусиите и споделувањето на „лекциите од теренот“ учествуваа: Пулексенија Јованоска, Луиза Гашева, Дивна Пешиќ Грозданов, Кочо Димитровски, Едина Муса, Ана Стојков, Весна Балазовска Милошевиќ и Берат Јакупи. Тие порачаа дека дисциплината, упорноста и лидерството стекнати во спортот се најсилниот капитал за успех во секоја друга професија.

Покрај „двојната кариера“, Доц. Д-р Ели Ханџиска одржа предавање за заштита на интегритетот на спортистите. Таа ги елаборираше здравствените последици од допингот и важноста на едукацијата, истакнувајќи го „чистиот спорт“ како патоказ за квалитетен живот и по завршувањето на активната кариера.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Шест пелистерци на скратениот список на Лазаров за подготовките за ЕП
Следно соопштениеФрчкоски: Програма 300 дел од новата сила на СДСМ