РК Еурофарм Пелистер – Победа над Тиквеш и крај на успешната 2025 година за Еурофарм Пелистер

61
РК Еурофарм Пелистер – Победа над Тиквеш и крај на успешната 2025 година за Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над Тиквеш од 29-21 во последниот меч во оваа календарска година во Суперлигата. Клубот од Битола имаше јасно поставена цел за овој меч, па иако во првиот дел противникот даде силен отпор (12:10) по паузата „зелено-белите“ ја потврдија фаворитската улога, разликата во квалитет и дојдоа до резултатот што го посакуваа.

Ова за актуелниот првак беше четиринаесетти триумф во осумнаесеттиот сезонски натпревар. Најпрецизен играч кај шампионот беше Хакбарт со седум погодоци.

Ракомет
Суперлига 2025/26
18. коло

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 29-21 (12-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Еурофарм Пелистер:
Митревску, Брестовац, Хаидарирад, Видомски 2, Ристевски 1, Хакбарт 7, Д. Тајник 3. Калид Валид 2, Хенигман 2, Кузмановски 4, Абутовиќ, Калајџиовски, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски, Хаџиќ 3, Пав. Атанасијевиќ 1
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 8 минути

Тиквеш:
Панов, Велков, Печурица, Христоски, Магди Ахмед 3, Стојановски 2, Цејовиќ 2, Димовски 2, М. Манасков 2, Ј. Тајник 4, Коцев, Симиќ, Цветковски 3, Мијушковиќ 3, Гришикашвили
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер ќе презими на второто место, а тролетниот дел ќе го започне во првиот викенд од февруари и градскиот дуел со Еурофарм Пелистер 2.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФрчкоски: Програма 300 дел од новата сила на СДСМ
Следно соопштениеФрчкоски: Власта донесе неуставна Резолуција за своевидна цензура