Градоначалникот Петар Јанков и општина Струмица во соработка и со поддршка од УНДП и Фондот за зелено финансирање (GFF) обезбедуваат поддршка за домаќинствата преку Грантови за зелена енергија, а во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина.
Зелениот финансиски инструмент обезбедува финансиска и стручна поддршка за домаќинствата во Северна Македонија со цел подобрување на енергетската ефикасност, намалување на трошоците за енергија и придонес кон подобар квалитет на воздухот.
Програмата поддржува инвестиции во термоизолација, замена на прозорци и врати, ефикасни системи за греење и ладење, соларни колектори за топла вода, фотоволтаични системи, топлотни пумпи, клима-уреди, батерии за складирање енергија, како и електрични и хибридни возила за домаќинства со лице со попреченост.
Програмата е наменета за недоволно опслужени физички лица и домаќинства, вклучително:
- млади лица на возраст од 18 до 35 години,
- жени како единствен или главен носител на приход,
- домаќинства со еден приход,
- домаќинства со три или повеќе деца,
- Роми / ромски домаќинства,
- самохрани родители,
- домаќинства со лица со попреченост,
- повратници од странство,
- приматели на дознаки од странство,
со цел подобрување на пристапот до финансии и забрзување на транзицијата кон обновливи извори на енергија (ОИ) и мерки за енергетска ефикасност (ЕЕ).
Во рамки на програмата е обезбедена бесплатна техничка помош од тим на консултанти, која вклучува советување при избор на технологија, подготовка на документација и поддршка при аплицирање:
Проектен консултант: Зоран Мартиновски
Тел: 070/360-094
Е-пошта: gff2.aplikacija@gmail.com
Енергетски консултант: Никола Барсов

По реализација на инвестицијата и нејзина потврда од независен верификатор, корисниците имаат можност за поврат на средства до 30% од износот на кредитот.
Кредитната линија е достапна преку Силк Роуд Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Штедилница „Можности“ ДОО Скопје.
Програмата е финансирана од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој (Joint SDG Fund) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а ја имплементира УНДП, во партнерство со релевантни институции и Општина Струмица.
Дополнителни информации може да се добијат кај раководителот на Одделението за заштита на животната средина Томислав Андреев:
Телефон: 075 395 914
Е-Маил:tomislav.andreev@strumica.gov.mk
