Ристов: Левица го направи патриотизмот повторно кул!

120
Ристов: Левица го направи патриотизмот повторно кул!

Членот на Президиумот на #Левица, Бранко Ристов во гостувањето на Инфомакс:

„Ние кога критикуваме партии, зборуваме директно за раководството. Членството е сосема друга работа. Помеѓу членовите на СДС или ДПМНЕ има чесен народ и патриоти. Нас ни се приклучуваат членови од другите партии, бидејќи во нас го препознаваат она коешто го очекувале во својата матична партија.

Ние патриотизмот го направивме кул. Па поради тоа разочарано членство од ДПМНЕ се префли кај нас, а по протестите за Француско-бугарскиот предлог ние добивме многу од членството на СДС.

Тие сфаќаат дека конечно некој ги артикулира нивните ставови, додека раководствата на нивната матична партија ги имаат напуштено комплетно идеалите за коишто тие мислеле дека се зачленети.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
04.03.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПензионерите со најмали пензии треба да добијат најголемо зголемување на пензиите
Следно соопштениеСе одржа седница на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт