ЕСМ – финансиски бунар без дно и епицентар на политички клиентелизам Левица

48
ЕСМ – финансиски бунар без дно и епицентар на политички клиентелизам Левица

Ја предупредуваме јавноста за сериозниот КОЛАПС на државното претпријатие ЕСМ, кој не е случаен, туку резултат на децениска практика на непрофесионално и политички мотивирано управување.

За само една година под раководство на

генерален директор Лазо УЗУНЧЕВ, ЕСМ бележи:

  • Намалено и непродуктивно производство на струја за половина;
  • Недостаток на основни суровини;
  • Зголемени трошоци за производство на електричната енергија;
  • Зголемен интервентен увоз на струја.

Дополнително, по налог на Владата, ЕСМ ја продава струја на универзалниот снабдувач по цена многу пониска од производствената, и тоа со цел власта да „купува социјален мир“, без притоа таа финансиска загуба да ја покрива од буџетот. Имено, наместо тоа, ЕСМ од страна на Владата се принудува да зема комерцијални кредити со камата, што дополнително ја оптоварува ликвидноста на компанијата.

Се поставува прашањето, дали ваквиот начин на работа на ЕСМ е од незнаење или свесно се полнат приватните банки со пари од камати, за подоцна да ја вратат услугата?

Нераскинлив дел од проблемот се и ПАРТИСКИ назначени раководители, кои немаат доволно професионално искуство, како и непотизмот кој владее во компанијата.

Ова не е појава од сега, туку трае повеќе од 30 години, независно која партија е на власт, ЕСМ се менаџира според истите системски слабости:

  • Производство што не се прилагодува на реалните потреби на пазарот;
  • Скап увоз на струја;
  • Препакување на показатели за „успех“ без контекст на моменталната енергетска потреба;
  • Финансиска експозиција преку кредити и камати, наместо транспарентно субвенционирање од државата.

Левица бара итни мерки за:

➡️Итна професионализација на менаџерскиот тим и раководните структури во ЕСМ;

➡️➡️Транспарентно планирање и отчетност на производство, увоз и продажба на електрична енергија;

➡️➡️Енергетска политика што штити јавен интерес, а не партиски или приватни интереси;

➡️➡️Владата да го објави планот за пресретнување на проблемите со кои ќе се соочи македонската економија и пазарот со струја со воведувањето на ‘CBAM’ таксата од 1ви јануари 2026 година.

Државата и граѓаните заслужуваат стабилна, сигурна и достапна енергија, како и силна државна компанија, а не кусогледи партиско-финансиски интереси!

LoadingLoading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на општина Бутел
Следно соопштениеМитески: Општина Аеродром го усвои најголемиот и најкапиталниот буџет досега