Усвоен Буџетот за 2026-Најголемиот и најкапиталниот досега!
Буџет по мерка на секој жител – за развој, иднина и еднаква грижа за сите
Почитувани сограѓани, Советот на Општина Аеродром денеска го усвои најголемиот и најкапиталниот буџет досега. Со него носиме конкретни решенија за секојдневието и го следиме заедничкиот стремеж за поубаво и поуредено место за живеење.
Благодарност до советниците што го поддржаа овој буџет.
Основен буџет: 1.302.567.000 денари.
Капитални инвестиции: 883.375.000 денари.
Во 2026 година се определени средства за проекти што носат вистинска грижа, подобар живот и можности за сите наши сограѓани. Од образовни и социјални проекти, преку спорт и култура, до инфраструктура и урбан развој – секој денар е инвестиција во иднината што ја заслужуваме.
Образование и грижа за најмладите:
Доградба на ООУ „Блаже Конески“;
Доградба на ООУ „Гоце Делчев“ – Горно Лисиче;
Доградба на градинка „Изворче“ – Стар Аеродром;
Изградба на нова градинка „Пчелка 1“ – Населба Лисиче;
Проект „Униформа за секој ученик“;
Таблет за сите четвртоодделенци;
Награда за наставник на годината;
Награда за ученик на годината;
Субвенции за талентирани ученици и спортисти;
Социјална поддршка:
8.000 денари за секое новороденче;
Финансиска поддршка за првачиња;
Култура, спорт и квалитетен живот:
Прв мултифункционален центар – јадро на културата и забавата;
Нови спортски игралишта;
Детски игралишта;
Калистеника фитнес зони;
Нова урбана опрема во сите населени места;
Инфраструктура и урбан развој:
Реконструкција на улици и пешачки површини:
ул. Симеон Кавракиров – Мичурин;
крак од бул. 3 Македонска бригада (кај Метро);
ул. Лисец – Горно Лисиче;
краци на ул. Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов;
ул. Богомилски Поход;
ул. Гаврил Константиновиќ;
плочници во Ново Лисиче;
Реконструкција на ТЦ Населба Лисиче и плочник околу ТЦ „Три Бисери“;
Изградба на мост на патот Горно – Долно Лисиче;
Довршување на водоводните мрежи во Горно и Долно Лисиче;
Ново сообраќајно решение во Мичурин и Стар Аеродром за полесно движење на возилата, поголем број паркинг-места и безбедни пешачки и велосипедски патеки.
Чиста и уредена Општина.
Нова механизација за хигиена и зеленило;
Униформи и заштитна опрема за комуналните работници;
Овој буџет не е само бројка на хартија – тоа е буџет со срце.
Градиме Аеродром каде што секој има еднакви шанси, каде што децата растат среќни, младите имаат можности, а секој возрасен граѓанин чувствува дека се грижиме за негово убаво секојдневие.
Продолжуваме заедно – за Аеродром по мерка на секој жител и иднина полна со грижа, можности и надеж.
https://www.facebook.com/share/p/1EYBxdn82t
